Веспрем потврди дека Дејан Манасков дожиеал тешка повреда и долго време ќе биде надвор од теренот.
„За жал деталните прегледи го потврдија тоа од кое најмногу се плашевме, Дејан Манасков ги скина вкрстените лелгаменти, а оштетени се и медијалните лигаменти, тоа значи долга пауза за нашиот ракометар“, се вели во сопштението на Веспрем.
За ваква повреда рехабилитацијата трае најмалку шест месеци, а обично и повеќе од тоа.
Оваа вест е лоша за македонската репрезентација, селекторот Кире Лазаров нема да може да смета на Манасков за Европското првенство.






