понеделник, 27 април 2026

Тензија меѓу Мендеш и Јувентус, Роналдо не може да си замине беспари

Објавено на

часот

Сподели

„Кориере дело Спорт“ пишува дека состанокот меѓу Мендеш и Јувентус се одвивал во тензична атмосфера.
 
Мендеш се обидува да му обезбеди трансфер на Роналдо во Манчестер Сити, но англискиот клуб не сака да плати обесштетување, сака да го земе беспари и му нуди двегодишен договор со плата од 15 милиони евра по сезона.
 
Од страната на Јувентус на состанокот биле Ромео Агрест, Павел Недвед, Маурицио Аривабене и Федерико Черубини тие биле вознемирени и разочарани од барањата на Мендеш, Роналдо да си замине бесплатно.
 
Ставот на Јувентус е јасен и му бил кажан на агентот, клубот не се противи на продажба на Роналдо, но сака обесштетување од најмалку 25 милиони евра.
 
Роналдо денеска нормално тренирал со останатите фудбалери за разлика од вчера кога поради повреда на раката предвреме го завршил тренингот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ