недела, 26 април 2026

Судијата му поништи гол со ножички на Араухо, Депај со „бомба“ ја спаси Барса од пораз (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Барса се враќа со бод од незгодното гостување на Сан Мамеш, Мемфис Депај ги спаси „каталонците“ од пораз. Избраниците на Куман се мачеа на стартот од мечот, високиот пресинг на противникот им создаваше проблеми, домаќините имаа неколку добри шанси за отварање на резултатот, но завршница беше лоша.

На пауза се замине со 0-0, но лесно можеше резултатот да биде поинаков. Араухо погоди атрактивно со ножички во судиското надополнување но радоста на „каталонците“ беше прекината, голот беше поништен поради прекршок на зачетокот од акцијата.

Сепак, резултатот беше отворен по пет минути игра во второто полувреме, Мартинез скокна највисоко по еден корнер и донесе предност за Атлетико од 1-0.

Гостите сепак успеаја одново да ја затресет мрежата на Агирезабала во 75. минута. Беше освоена топка на средината од теренот, брзо се разви опасен напад а Депај биеше силно под пречката за 1-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ