Јирген Клоп неодамна го крена гласот откако ривалите потрошија преку 100 милиони фунти на засилувања. Германецот вели дека може да го разбере настапот на Челси и Манчестер Сити на трансфер пазарот, бидејќи зад клубовите стојат богата сопственици, но се чуди како Манчестер јунајтед може да троши толку многу.
Оле Гунар Солшер сега реши да му одговори и да му објасни како „ѓаволите“ можат да одвојат 73 милиони фунти за Џејдон Санчо и 34 милиони фунти за Рафаел Варан.
„Имаме огромна армија на навивачи и добри спонзорски договори. Секако, тренерите секогаш бараат повеќе и повеќе пари за трошење, но и ние имаме одредени лимити. Неколку пати добив НЕ од раководството. Не знам како другите клубови работат, има различни модели“ – вели Норвежанецот.






