недела, 26 април 2026

Сити со последен напад: „Земи или остави“ понуда за Хари Кејн

Објавено на

часот

Сподели

„Граѓаните“ пред крајот на преодниот рок ќе имаат уште еден обид да го ангажираат Хари Кејн.

Тотнем веќе одби предлог вреден 100 милиони фунти, а потоа се пишуваше дека Даниел Леви не крева слушка и покрај тоа што Манчестер Сити е подготвен да плати 125 милиони фунти.

Оваа недела, шампионот на Англија ќе достави последна понуда, Телеграф без да открива детали вели дека предлогот ќе биде „земи или остави“.

Се верува дека Тотнем бара помеѓу 150 и 160 милиони фунти за да се раздели со својата прва ѕвезда.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ