сабота, 25 април 2026

Шевченко емотивно се збогува со украинската репрезентација

Објавено на

часот

Сподели

Шевченко со успех ја водеше селекцијата на Украина која се покажа во солидно издание на Европското првенство. Легендарниот Украинец го напушта кормилото, неговиот договор со федерацијата истече.
 
„Денеска истекува мојот договор со Украинската фудбалска федерација. Поминав пет години со националниот тим. Тоа беше тешка работа со која докажавме дека можеме да играме модерен фудбал. Благодарен сум на претседателот и извршниот комитет на федерацијата за шанасата што ми ја даде да работам со украинскиот национален тим. Благодарен сум на секој фудбалер, секоја личност која помогна и која беше инволвирана во тиимот. Голема благодарност за сите фанови за нивната поддршка и критика. Заедно успеавме да покажеме дека нашиот фудбал може да биде конкурентен, продуктивен и возбудлив. Со верба во Украина“, стои во соопштението на Шевченко.
 
Се верува дека следен предизвик за Шевченко ќе биде клупскиот фудбал.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ