„Станува збор за десетина сопственици на диво изградени вили и хациенди со базени во околината на Прилеп. Имајќи предвид дека на целата траса помеѓу Битола и Прилеп затоа што е рамничарска положбата, поминува низ Пелагонија, не може да се најде материјал, народски кажано тампон, со кој што може да се гради овој автопат. И локацијата е во близина на месноста Ореовец. Таму има десетина буџовани кои ги штитат своите хациенди и вили и не му дозволуваат на изведувачот да пристапи кон наоѓаиштето иако на приватниот изведувач кој што има во соседството наоѓалиште, него му дозволуваат“, рече Николоски.
Вицепремиерот вели дека штетата може да биде навистина голема. За него е јасно дека таму има агенда.
„Да знае јавноста дека штетата по однос на државниот буџет може да достигне до 100 милиони евра имајќи предвид дека сега сме приморани да купуваме материјал од приватни каменоломи и да плаќаме за неговиот транспорт. Кога ќе ја пресметате цената на материјалот и на транспортот може да стигне до 100 милиони евра кои што можеме да ги вложиме за целиот регион да се трансформира, а ние треба да ги даваме по приватни џебови. Јасно е таму дека има агенди, само се прашувам дали се агендите бизнис и политички или се само бизнис“, рече тој.
Николоски очекува во најбрзо време да се отстрани таа блокада и да се почне и таму со работа.






