„Денеска спроведуваме акција со која го собираме отпадот, но главната цел е да испратиме порака – крајно време е одговорноста кон природата да ни стане навика. Како Министерство, инвестираме во зелена инфраструктура, но силата е во сите нас како граѓани. Чистата природа треба да ни биде стандард, а не реткост“, истакна Хоџа.
Министерството упати благодарност за соработката и поддршката до Општина Сарај, колективните постапувачи за управување со отпад и до сите волонтери „кои со својот личен пример денеска покажаа како се чува животната средина“.

„Оваа акција е дел од пошироките заложби за заштита на природните вредности и поттикнување на еколошката свест кај граѓаните“, наведува МЖСПП во соопштението.







