недела, 26 април 2026

Сестрата на Роналдо реагира по поништениот гол: Почнаа со грабежите!

Објавено на

часот

Сподели

„Старата дама“ си замина од гостувањето во Удине само со бод. Избраниците на Алегри испуштија предност од два гола, Шчесни со големи киксови го врати Удинезе во живот. Длабоко во судиското надополнување следуваше нова драма, Роналдо погоди за 2-3 но голот беше поништен со помош на ВАР.

По прегледување на снимките, беше утврдено дека дел од рамото на Кристијано Роналдо е во недозволена позиција, па славјето беше прекинато.

Ваквиот развој на настаните беше причина за една од сестрите на ЦР7 да се огласи на социјалните мрежи и да упати критика.

„Доколку го имаше моето рамо, немаше да бидеш во офсајд. Треба дресот со Л големина да го замениш со М големина. Почнаа со грабежите“ – напиша Елма Авеиро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ