четврток, 23 април 2026

Сејдини: Ангеловски сам најави дека ќе бара нови предизвици, па ние ја испочитувавме одлуката

Објавено на

часот

Сподели

По пет ипол години на кормилото на Македонија, Игор Ангеловски на крајот од следниот месец го напушта селекторското столче. Стратегот имаше одредени несогласувања со ФФМ, Горан Пандев пред неколку месеци откри дека раководството на федерацијата сакало да го смени популарниот Мрме уште пред баражот за ЕВРО 2020.

Откако Благоја Милевски денеска беше именуван за нов селектор, првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини го прокоментира заминувањето на Игор Ангеловски.

„Од мое лично и од име на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија упатувам благодарност до Игор Ангеловски за неговата работа и придонесот кој го даде за успесите со македонската А репрезентација“ – вели Муамед Сејдини.

„Игор Ангеловски самиот најави дека по завршувањето на Европското првенство ќе бара нови предизвици во својата кариера и сега е време ние да ја почитуваме неговата одлука и да ја  покажеме нашата благодарност за неговата работа и страст во сите овие години на чело на македонската А репрезентација“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ