петок, 24 април 2026

Се огласи ВАР судијата за спорниот пенал над Стерлинг

Објавено на

часот

Сподели

Пеналот досуден од страна на судијата Макели по пад на Стерлинг на мечот меѓу Англија и Данска, крена многу прав. Многумина се прашуваа зошто ВАР не реагираше.
 
Судијата задолжен за ВАР на тој меч, Пол Ван Бекел се сложува дека прекршокот е престрог, но вели дека според протоколот не можел тој да реагира бидејќи сепак имало контакт, без разлика што фудбалерот глумел.
 
„Честопати се прашувам што ќе се случеше ако интервенирав. Ги сфаќам критиките, но не на моја сметка. Грешката на Макели не беше очигледна, јас ништо не можев дад направам. Од еден агол на камерата видов дека има контакт меѓу дефанзивецот и напаѓачот. Јас мислам дека пеналот беше престрого досуден, но ситуацијата беше таква да морам да ја поддржам судиската одлука. Таков е ВАР протоколот“, вели Ван Бекел.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ