понеделник, 27 април 2026

Саул нема да биде дел од трампата со Гризман, се сели на позајмица во Челси

Објавено на

часот

Сподели

Саул Нигез попладнево се поврзуваше со преселба во Барселона, Шпанецот се споменуваше како дел од зделката со која Антоан Гризман ќе се врати во Атлетико Мадрид.

Фудбалерот од средниот ред сепак нема да заврши на Камп Ноу и кариерата ќе ја продолжи во Премиерлигата.

Неколку извори пренесуваат дека Челси и Атлетико Мадрид си подале рака за трансфер, Саул Нигез се сели во Лондон на позајмица до крајот на сезоната за која „сините“ ќе платат 5 милиони евра.

Двата клуба ги пеглаат последните детали и се очекува во скоро време да пристигне официјална пoтврда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ