недела, 26 април 2026

Роналдо веќе разговарал со Гвардиола, ЦР7 го гледа Сити како последна шанса за голем успех

Објавено на

часот

Сподели

Кристијано Роналдо е многу блиску до враќање во Премиерлигата, ЦР7 начелно постигнал договор со Манчестер Сити за двегодишна соработка и плата од 15 милиони евра по сезона.

Новинарот Гонсало Лопес, кој објави дека „Кристијано Роналдо во Манчестер Сити е завршена работа“, откри повеќе информации.

Тој пренесува дека Кристијано Роналдо веќе разговарал со Пеп Гвардиола, и објаснува дека ЦР7 го гледа Манчестер Сити како последна шанса за голем успех пред да се пресели во МЛС шампионатот.

АС пренесе дека Сити го понудил Рахим Стерлинг како дел од трансферот а Јувентус го побарал Габриел Жесус. Според Гонсало Лопез, Макс Алегри пројавил интерес за Бернардо Силва, но фудбалерот преферира трансфер во Шпанија доколку замине од Етихад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ