недела, 26 април 2026

Роналдо со емотивно писмо се збогува од фановите на Јувентус

Објавено на

часот

Сподели

По три години поминати во Јувентус, Кристијано Роналдо денеска си замина од Торино. Иако се чинеше дека се сели во Манчестер Сити, ЦР7 на крајот реши да се врати во Манчестер јунајтед.

Откако „ѓаволите“ попладнево официјално го потврдија трансферот, Кристијано Роналдо се емотивен пост на социјалните мрежи се прости од Јувентус.

„Денеска заминувам од прекрасен клуб, најголемиот во Италија и сигурно еден од најголемите во Европа. Го оставив срцето и душата за Јувентус и секогаш ќе обожавам градот Торино. Тифозите бјанконери секогаш ме почитуваа, и се обидов да им се заблагодарам со тоа што се борев на секој натпревар, секоја сезона, во секое натпреварување. На крајот, сите може да погледнеме во минатото и да сфативме дека постигнавме големи работи, не освоивме се што сакавме, но заедно испишавме убава приказна“ – гласеше дел од пораката.

„Секогаш ќе бидам еден од вас. Сега сте дел од мојата историја, чувстувам дека и јас сум дел од вашата. Италија, Јуве, Торино, тифози бјанконери, секогаш ќе бидете во моето срце“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ