„Скај Спорт Италја“ пишува дека Роналдо си го исчистил шкафчето во соблекувалната на Јувентус и нема да игра викендов против Емполи.
Роналдо му соопштил на Јувентус дека нема намера веќе да игра за клубот и побарал да биде продаден.
Јувентус чека официјална понуда од Манчестер Сити која треба да пристигне во текот на утрешниот ден, а можеби и уште ноќеска.
Жорж Мендеш е во Манчестер каде ги договара личните услови за Роналдо.






