Медиумите од Италија доцна синоќа пренесоа дека Кристијано Роналдо го испразнил шкавчето, си го собрал работите од соблекувалната и го известил Јувентус дека нема да игра против Емполи овој викенд.
Утрово ЦР7 се појави во тренинг центарот на „старата дама“ во Континаса, но пристигнал само за да се збогува со соиграчите. Новинарот Фабрицио Романо вели дека Португалецот се задржал 40 минути и си заминал. Денеска нема да тренира под водство на Макс Алегри и чека Жорж Мендеш да донесе формална понуда од Манчестер Сити.
Според Скај Италија, Кристијано Роналдо во следните 24 часа треба да потпише за „граѓаните“ и неговото враќање во Премиерлигата да биде официјализирано.






