Кристијано Роналдо со една нога е во Манчестер Сити, како што пренесува АС, ЦР7 и „граѓаните“ начелно постигнале договор, Португалецот треба да потпише до 2023 година и да заработува 15 милиони евра нето по сезона, иако е потребно да се испеглаат уште некои детали.
Весникот вели дека сега Манчестер Сити треба да се договори со Јувентус, „старата-дама“ бара 25-30 милиони евра да го продаде офанзивниот фудбалер.
Шампионот на Англија не сака да ја плати оваа сума и преферира да понуди играч во замена. Јувентус е подготвен за трампа, но позициите на двата клубови се различни.
„Старата дама“ го бара Габриел Жесус, играч кој не е на продажба според Пеп Гвардиола. Манчестер Сити пак го нуди Рахим Стерлинг, кој не е по мерак на Јувентус, „бјанконерите“ сакаат да донесат напаѓач а не крило.
За трансфер на Кристијано Роналдо во Манчестер Сити пренесе и португалскиот новинар Гонсалво Лопес, кој на Твитер напиша дека „Роналдо во Манчестер Сити е завршена работа“.






