понеделник, 27 април 2026

Роналдо преку Фернандеш испратил барање до соиграчите од Манчестер јунајтед

Објавено на

часот

Сподели

Кристијано Роналдо денеска пристигна во Манчестер за да ја започне втората авантура на Олд Трафорд. Португалецот силно се поврзуваше со трансфер во Манчестер Сити, но на крајот „ѓаволите“ не дозволија ЦР7 да заврши во лутиот градски ривал.

Во преговорите за негово враќање во Манчестер јунајтед учествуваше и Бруно Фернандеш, а медиумите сега откриваат и дел од разговорите помеѓу Португалците.

Весникот Сан вели дека Кристијано Роналдо побарал од својот сонародник да пренесе порака во соблекувалната и да му каже на составот какви очекувања има од нив, односно дека треба да биде освоена титулата во Премиерлигата оваа сезона.

„Ѓаволите“ не импресинираа на стартот, одиграа реми против Саутемптон и многу тешко победија кај Вулверхемптон, па избраниците на Оле Гунар Солшер ќе мора да се подобрат за да можат да се борат со Манчестер Сити, Челси, Ливерпул и Тотнем за титулата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ