22 годишниот Дауда Петерс е единствениот фудбалер од Белгија кој имал прилика да игра покрај Кристијано Роналдо, па во пресрет на дуелот помеѓу Белгија и Португалија на ЕВРО 2020, тој откри дел од навиките на ЦР7.
Запрашан што јаде напаѓачот на денот на натпреварите, Дауда Петерс вели: „Секогаш исто. Брокула, ориз и пилешко. Пие многу вода и секако, никогаш Кока-кола!“
Дауда Петерс, кој е дел од У23 тимот на Јувентус, потоа проговори за работата и трудот кои ги вложува Кристијано Роналдо.
„Еден ден решив да одработам екстра тренинг во теретаната и секако, таму беше Кристијано. Ми даде некои совети, бев импресиониран. Кристијано има перфектно тело за фудбалер, иако и јас имам прилично добра мускулатура, тој ден си помислив, „Ме чека уште многу работа“. Не можете да се споредувате со него, како манијак работи на себе и тоа со години…“






