понеделник, 4 мај 2026

Рома ја одигра најдобрата партија под водство на Мурињо, ја победи Аталанта во Бергамо (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Аталанта влезе како сериозен фаворит во дербито против Рома, но работите на теренот не се одвиваа според очекувањата.
 
Првиот шок за навивачите на Аталанта стигна уште во првата минута, дел од нив не ги не заземаа своите места а Рома веќе поведе со гол на Абрахам.
 
Во 27. минута по едно одлично двојно проигрување со Верету, Заниоло погоди гол и го зголеми водството на 2-0.
 
Гасперини реагираше брзо, уште во 34. минута направи измена, го извади дефанзивецот Џимшити, а го стави напаѓачот Муриел.
 
Токму Муриел во судиското продолжение од првото полувреме намали на 2-1 и ја врати Аталанта во игра.
 
Се чинеше дека по дадениот гол Аталанта и ќе се врати, Запата даде гол во 68. минута, но му беше поништен поради офсајд.
 
Во 72. минута по еден центаршут на Верету, Смолинг се најде на вистинското место и зголеми на 3-1, Рома ја врати предноста од два разлика.
 
Сите дилеми околу победникот ги реши Абрахам со својот втор гол на мечот, погоди во 82. минута и ги постави конечните Аталанта – Рома 1:4.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ