Пеп Гвардиола носи ново рекордно засилување, Манчестер Сити ќе го урне сопствениот но и рекордот на Премиерлигата со трансферот на Џек Грилиш од Астон Вила.
Како што пренесува Дејли Мејл, преговорите помеѓу двата клуба добро напредувале изминатиов период, бил забележан брз прогрес и паднал договор за трансфер од 100 милиони фунти.
Зделката ќе се комплетира откако Англичанецот ќе заврши со настапот на ЕВРО 2020.
Дејли Мејл додава дека Пеп Гвардиола нема да сопре тука и ќе бара од Манчестер Сити да биде купен и Хари Кејн од Тотнем, па рекордот може да биде соборен по втор пат во краток временски период.






