Реал Мадрид не се откажува од намерата уште сега да го донесе Килијан Мбапе во своите редови, неколку извори пренесуваат дека преговорите со ПСЖ продолжуваат.
„Светците“ завзедоа цврст став, веруваат дека 180 милиони евра не се доволно и покрај тоа што Килијан Мбапе има само уште една година од договорот.
Сепак, во следните часови би можело да дојде до компромис. Се говори дека Килијан Мбапе го известил ПСЖ дека нема намера да го обнови договорот, побарал да биде пронајден заеднички јазик со Реал за тој да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ или во спротивно ќе замине како слободен играч по крајот на сезоната.
Скај Спортс исто така пренесува дека Реал Мадрид е подготвен да направи последен напор и да достави нова понуда вредна 200 милиони евра, односно предлогот да биде со формулата 170 милиони евра, плус додатни 30 милиони евра во бонуси.






