понеделник, 27 април 2026

Реал со втора понуда за Мбапе, „кралевите“ на маса ставаат 180 милиони евра

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид во вторникот тргна во офанзива по потписот на Килијан Мбапе, „кралевите“ понудија 160 милиони евра.

ПСЖ експресно го одби предлогот а спортскиот директор Леонардо порача дека понудата на Реал Мадрид е далеку од цената за која тие веруваат дека е фер.

Според Ле Паризиен, Реал Мадрид испраќа втора понуда, која е за 20 милиони евра побогата од претходната, па на маса сега се ставени 180 милиони евра, колку што „светците“ му платија на Монако во 2017.

Во емисијата Ел Чирингито исто така беше објавено дека Реал Мадрид и ПСЖ можат да си подадат рака за трансфер од 180 милиони евра. Килијан Мбапе на Сантијаго Бернабеу го чека шестгодишен договор и плата од речиси 30 милиони евра по сезона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ