Македонија на 2. септември од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Ерменија, а на 8. септември играме дома против Романија.
Од денеса преку продаджната мрежа на „МКТикетс“ се пуштени во продажба билетите за овие натпревари, нивните цени се по 300 денари.
Согласно официјалната одлука на Владата на натпреварите е дозволено присуство единствено со приложување на еден од следните документи:
– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест
– Сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Ова не се однесува на лица под 18 годишна возраст.






