Според новинарот на „Марка“, Жозе Феликс Диаиз кој денеска беше во Истанбул на ждрепката од ЛШ, Реал Мадрид и ПСЖ си подале рака за трансферот на Мбапе.
Тој тврди дека ПСЖ ја прифатил понудата на Реал Мадрид од 170 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси и во наредните денови трансферот и официјално ќе биде соопштен.
Според него трансферот би можел да биде потврден и во текот на утрешниот ден.
Ставот на Мбапе бил јасен дека нема да продолжи во ПСЖ, негов следен клуб ќе биде Реал Мадрид без разлика дали сега или наредното лето.
Раководството на францускиот клуб конечно сфати дека подобро е да го продаде Мбапе сега отколку тој да си замине бесплатно.






