понеделник, 27 април 2026

ПСЖ чека трета понуда од Реал Мадрид за Мбапе

Објавено на

часот

Сподели

Денешниот ден би требало да биде одлучувачки за иднината на Мбапе. Преговорте меѓу ПСЖ и Реал Мадрид се во тек.

Леонардо изјави дека и покрај разговорите, ставот на ПСЖ не е променет. „Ла Парисиен“ тврди дека тие очекуваат уште едно зголемување на понудата на Реал Мадрид.

Последната понуда е 170 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси. ПСЖ сака да си ја врати инвестицијата, сумата која му ја плати на Монако за да го донесе Мбапе.

Реал Маддрид е уверен во позитивен исход од преговорите, но Мбапе се уште тренира со ПСЖ и би можел да биде во комбинација за неделниот натпревар со Рем иако кралскиот клуб е против таков ризик.

Според некои медиуми трансферот е договорен, но ПСЖ ја бара замената за Мбапе пред да даде зелено светло за реализација на зделката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ