среда, 22 април 2026

Приказната за Госенс и дресот на Роналдо (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

26-годишниот фудбалер на Аталанта беше играч на мечот, имаше две асистенции, даде еден нгол, беше мотор на германската репрезентација.
 
Во својата биографија Госенс има објавено за една случка со Роналдо која поради вчерашниот натпревар повторно се актуелизира.
 
„По натпревар со Јувентус, се обидов да си го исполнам мојот сон, да го имам дресот на Роналдо. По последниот свиреж на судијата отидов кај него, дури не заминав ни да ја славам победата со останатите. Го прашав: „Кристијано, може да ми го дадеш дресот?“. Тој не ме ни погледна, само ми рече: „Не!“. Се почувствував комплетно понижено и засрамено. Избегав, се чувствував многу мал“, вели Госенс.
 
„Знаете, онаков момент кога нешто срамно ќе ви се случи и се вртите наоколу да видите дали некој приметил? Така се почувствуав и се обидов да се сокријам“.
 
Поради оваа приказна, во една прилика неговиот соиграч од Аталанта, Ханс Хатебур се пошегува со Госенс. Му купи дрес од Роналдо.
По вчерашната победа над Португалија, Госенс не му го побарал дресот на Роналдо.
 
„Не му го побарав дресот, сакав да уживам во победата и во оваа вечер“, изјави Германецот по мечот.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ