недела, 26 април 2026

Премиерлигата пресече: 60 фудбалери нема да бидат пуштени на должност со репрезентациите!

Објавено на

часот

Сподели

Премиерлигашите нема да ги ослободат фудбалерите следниот месец доколку тие со своите репрезентации треба да настапат во земји кои се на црвената листа.

Откако не успеале да издејствуваат исклучок за правилото за карантин, клубовите од најсилното првенство на Англија повлекоа драстичен чекор па околу 60 фудбалери нема да можат да го облечат националниот дрес.

Клубовите се правдаат дека карантинот од 10 дена во хотел може да ја наруши здравствената состојба на фудбалерите, а исто така ќе ги спречи да настапат и на два натпревари од Премиерлигата, еден во Европа и еден во Лига купот (доколку се земе во предвид и времето потребно да се вратат во топ форма, плус карантинот од 10 дена).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ