Кристијано Роналдо ќе го добие својот заштитен број на Олд Трафорд, Премиерлигата реши да им даде на „ѓаволите“ посебна дозвола за промена.
Манчестер јунајтед вечерва соопшти дека Португалецот на грбот ќе ја носи 7-ката, која претходно му припаѓаше на Единсон Кавани.
Уругваецот пак во породолжението од сезоната ќе го носи дресот со број 21, кој му припаѓаше на младиот Даниел Џејмс, кој во последните денови од преодниот рок беше продаден на Лидс.
„Не бев сигурен дека ќе биде возможно повторно да го носам дресот со број 7. Па сакам да му се заблагодарам на Еди (Кавани) за овој неверојатен гест“ – рече Кристијано Роналдо.






