Андреа Белоти блесна во сезоната 2016/17, постигна 26 погодока во Серија А, па го привлече вниманието на многу гиганти ширум Европа. Торино тогаш не сакаше да слушне за продажба и побара 100 милиони евра. Ниту еден клуб не беше подготвен да плати толква сума, па популарниот „петал“ остана во Торино.
Интересот за неговите услуги во следните години се олади, па сега „биковите“ се подготвени да прифатат пет пати помала сума.
Тутомеркатовеб пренесува дека генералниот директор на Интер, Бепе Марота синоќа имал состанок со првиот човек на Торино, Урбано Каиро и си подале рака за трансфер вреден 15 милиони евра плус бонуси.
Хоакин Кореа од Лацио е прва желба на Симоне Инѕаги, но Бепе Мартоа не може да најде заеднички јазик со Клаудио Лотито и покрај тоа што ја зголеми понудата на 30 милиони евра. Па затоа „нероаѕурите“ се насочиле на план Б и за кратко време се договориле со Торино. Шампионот на Италија сега треба да постигне договор и со Андреа Белоти, во текот на денот ќе има средби со агентите на напаѓачот.






