среда, 22 април 2026

„Потегот на Роналдо беше неверојатен, но на крајот ЦР7 испадна будала!“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Германија во саботата издвојува голема победа и остана во игра за нок-аут фазата откако со пресврт стигна до триумф од 2-4 против Португалија.

Според Дитмар Хаман, клучен момент бил еден потег на Кристијано Роналдо, при резултат 1-0, ЦР7 покажа фудбалска магија и го понижи Антонио Ридигер. Поранешниот германски репрезентативец вели дека ова само дополнително ги мотивирало „панцерите“, кои го надиграа противникот во продолжението од мечот.

„Ја префрли топката преку Ридигер, се преправеше дека ќе ја стопира но наместо тоа со пета го проигра соиграчот и тоа без да гледа… секако ова е неверојатен потег и сите знаеме дека тој е способен да направи ваква фудбалска магија, но мислам дека со ова го понижи противникот“ – вели Хаман.

„Но ова го направи на 1-0 и на крајот испадна будала. Ако ги прашате германските играчи, сите ќе ви кажат што точно помислиле во тој момент. Сигурен сум дека сите ќе ви кажат дека добиле екстра мотивација и желба да ги променат работите на тераенот“.

„Не знам што Роналдо сакаше да постигне? Мислам дека токму во тој момент започна кам-бекот на Германија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ