Претреси во канцелариите на Јувентус во Торино и Милано, финансиската полиција прибира документи за трансфер во периодот од 2019 до 2021 година.
Истрагата е започната поради трансферот/трампата со Барселона во која беа вклучени Миралем Пјаниќ и Артур Мело. Уште кога двата клуба ги соопштија деталите, на сите им беше јасно дека нешето е сомнително.
Ниту Артур вредеше 82 милиони евра (72+10) ниту пак Пјаниќ вредеше 65 милиони евра (60+5), но двата клуба договорија толку високи суми со цел да направат капителна добивка и да ги „наштелуваат“ сметките и билансите.
Операцијата беше ставена под лупа на Комисијата за хартии од вредност на Италија (CONSOB) а истрага отвори и Супервизорската Комисија за Професионални фудбалски клубови (COVISOC). По нивните извештаи, и обвинителството решило да покрене постапка.
Како што пренесуваат медиумите, спорни се неколку трансфери и 50 милиони евра, а под истрага се претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, поранешниот спортски директор Фабио Паратичи и уште други три лица.






