сабота, 2 мај 2026

Кими Антонели најбрз на квалификациите во Мајами

Кими Антонели од Мерцедес ќе тргне прв на трката за Големата награда на САД во Формула 1.

Објавено на

часот

Сподели

Талентираниот италијански возач со својот Мерцедес беше најбрз во квалификациите, поставувајќи недостижна маргина за ривалите. Антонели заврши на првото место со време од 1:27,798.

На втората позиција се пласира четирикратниот првак Макс Верстапен со задоцнување од 0,166 секунди, додека третопласиран ќе тргне Шарл Леклер.

Во топ десет имаше место уште за Норис, Расел, Хамилтон, Пистри, Колапинто, Хаџар и Гасли.

Трката во Мајами е закажана в недела во 22:00 часот, меѓутоа може да биде поместена нешто порано поради најавите за лошо време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ