Прашањето за победникот беше решено уште во првото полувреме. Горан Закариќ со удар со глава донесе водство, а набрзо Бобан Николов ја потврди победата со втор гол.
Вардар сега има 74 бода, шест повеќе од Шкендија на три кола до крајот и е на чекор до титулата.
Исклучително ефикасно беше во Скопје во дуелот на Работнички и Пелистер (3-3). Скопјани имаат за што да жалат бидејќи имаа предност од два гола и примија израмнувачки во 92. минута. Резултатот го отвори Сухељ Мухарем по четири минути, а израмнување бргу донесе Лука Булатовиќ. Работнички потоа даде два гола преку Бесир Демири од пенал и Дитмир Хоџа.
Сепак, пелистерци не се откажаа и со погодоците на Петар Петковски и Мирко Ивановски стигнаа до голем бод.
Сега Пелистер со 33 бода е осмопласиран, додека Работнички испушти шанса да ѝ се приближи на Брера, па е пред релегација бидејќи има 29 бода на три кола пред крајот.






