Утре наутро се очекува времето да биде ведро и постудено, а преку денот сончево со мала облачност. Температурата ќе се движи од минус три до 25 степени Целзиусови.
Според УХМР, од вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.






