За време на акциската контрола еден возач на мотоцикл е лишен од слобода по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување возило.
Акцијата била спроведена Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 12:00 до 20:00 часот.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за побезбедни патишта низ државата“, наведува МВР на својот фејсбук профил.






