недела, 3 мај 2026

Вреди најавува обединување на пет политички субјекти и формирање заедничка сила

Вреди да се обединат оние што делат заеднички вредности, иднината им припаѓа токму на таквите политички сили, се вели во соопштението на Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

Од таму најавуваат дека на 9 мај, Денот на Европа, ќе се одржи Конгрес на обединувањето, кој се оценува како зрел политички процес од кој ќе произлезе единствена сила со заедничко име, насока и мисија.

Пет политички субјекти, како што се наведува, ќе се обединат во едно политичко тело, засновано на принципи како владеење на правото, нулта толеранција кон корупцијата, независно судство, европскиот пат, партнерството со НАТО, како и заштитата на семејството, традицијата, културата и идентитетот.

На Конгресот се очекува учество на 850 делегати кои ќе ја потврдат насоката на обединување, со што, како што се додава, се преминува од соработка кон единствено политичко делување и од политички ветувања кон реалност.

Во соопштението се посочува и дека обединувањето на пет партии во една политичка структура ги менува односите на политичката сцена и ги нарушува очекувањата на оние што се противеле на овој процес.

Со приближувањето на 9 мај, се најавува силен и обединет политички настап на Вреди, распространет од Липково до Струга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ