Шампионот Интер одигра одличен меч, доминраше против Џенова и заслужено дојде до убедлива победа.
Горан Пандев иако подоцна ги почна подготовките, го одигра целиот натпревар против Интер, немаше шанса за гол, но создаде неколку можности за своите соиграчи кои не реализираа.
Воведниот дел од мечот беше во знакот на Чалханоглу. Турчинот во шестата минута асистираше за гол на Шкрињар, а во 14. минута и самиот погоди за водство на Интер од 2-0.
Во 74. Артуро Видал зголеми на 3-0, а во 88. минута Џеко со глава реализираше за конечни 4-0.






