Новиот сој на ковид-19 направи хаос во Премиерлигата, минатата недела беше соопштена рекордна бројка на заразени по мај минатата година, дури 42 фудбалери беа позитивни.
Овој викенд половина од предвидените 10 натпревари се одложени, и дури се говори за прекинување на првенството за да се зачува регуларноста.
Не е јасно колкав е процентот на вакцинирани фудбалери, но се говори дека оние кои не се вакцинирани ја шират заразата а лекарските тимови на клубовите се фрустрирани поради изговорите со кои играчите се вадат и одбиваат да се вакцинираат.
Дејли Мејл вели дека еден фудбалер ги известил докторите дека нема да се вакцинира бидејќи тој и неговото семејство се вегани. Дел од веганите одбиваат да се вакцинираат од етички причини, бидејќи тестирањето на животни спорд законите во Велика Британија е неопходно при развој на вакцините.
Други играчи пак како оправдување кажале дека не се вакцинираат бидејќи се плашат дека ќе останат неплодни.
Има и такви кои едноставно велат дека не веруваат во вакцини.
Клубовите веќе пончаа да им нудат и трета бустер доза, но не можат со сила да ги натераат фудбалерите да ја прифатат, ниту пак да ги натераат оние кои не се вакцинирани да примат две дози.






