вторник, 28 април 2026

Откриен лимитот за плати во Ла Лига, состојбата на Барса многу полоша од тоа што се мислеше (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Медиумите од Шпанија ги објавија лимитите за плати во Ла Лига, Барселона има лимит од 97 милиони евра, што е речиси 250 милиони помалку од минатата сезона, Реал Мадрид пак има лимит од 739 милиони евра, што е за 266 милиони повеќе од минатата сезона.

Ла Лига наскоро треба да го соопшти лимитот за плати во Ла Лига, но емисијата „Ел Партидазо де Копе“ уште сега објави какви се бројките. Извештајот покажува дека состојбата во Барселона е многу полоша од тоа што се мислеше.

„Каталонците“ имаат лимит од 97 милиони евра, што е речиси 250 милиони евра помалку од минатата сезона (пад од второто на седмото место).  Лео Меси си замина од Камп Ноу поради тоа што немаше пари за новиот договор, а беа донесени играчи како Мемфис Депај, Кун Агуеро и Ерик Гарсија, за кои не беше платено обесштетување.

Реал Мадрид пак има лимит од 739 милиони евра, што е за 266 милиони евра повеќе од минатата сезона.

Разликата помеѓу двата лути ривали е неверојатни 642 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ