Шпанија беше голем фаворит и против Полска, но поминуваат две кола од групната фаза а тие не се израдуваа на ниту една победа.
Вечерва добро го почнаа мечот, во 25. минута Алваро Мората постгна гол за водство од 1-0.
По девет минути игра во вториот дел Роберт Левандовски погоди со глава и израмни на 1-1.
Брзо потоа Шпанија доби пенал откако Морено беше фаулиран, тој ја изведе најстрогата казна и промаши, ја погоди стативата, топката дојде до Мората, но и тој не реализираше.
До крајот Шпанците се мачеа да го вратат водството, но не направија доволно за тоа да се случи. Заслужен резултат на Полска.
По две одиграни кола во групата Е, прва е Шведска со четири бода, Словачка има три, следува Шпанија со два и последна е Полска со еден бод.






