вторник, 28 април 2026

Николов: Потребна ни е дисциплина и агресија против Лихтенштајн

Објавено на

часот

Сподели

Македонија се уште ја бара првата победа под водство на Благоја Милевски, но немаме ни пораз. Три нерешени од првите три меча под водство на новиот селектор.
 
Против Лихтенштајн ќе влеземе како фаворити, оваа селекција не смее да се потцени, но мораме да победиме. Тоа го знаат и фудбалерите.
 
„Ни треба дисциплина и агресија. Максимален пристап. Треба да пристапиме на натпреварот со Лихтенштајн како да играме против Германија. Ни треба целосен фокус. Поквалитетни сме од нив, но треба да го покажеме тоа на терен“ смета Николов.
 
„Ни недостасува победа за поголема самодоверба во оваа репрезентација. Секој селектор си има свои идеи, ние добро го знаеме Благоја милевски, има свои стил на работа, секогаш оди до крај, имамвме добри три натпревари ни се надевам дека сега ќе ја крунисаме добрата игра со победа“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ