Новиот тим на Бобан Николов, Шериф Тираспол ја сочува високата предност од 3-0 обезбедена од првиот меч и го елиминираше Динамо Загреб.
Денешниот меч заврши без голови иако и на двете страни беа создадени одлични шанси за гол.
Од македонските репрезентативци настапи само Стефан Спировски, Аријан Адеми поради повреда го пропушти и овој дуел. Бобан Николов се уште нема настап за Шериф, тој е позитвен на ковид-19, па својот прв меч за новиот клуб ќе го одигра по репрезентативните настапи.
Динамо Загреб по овој пораз оди групната фаза од Лига Европа.
Салцбург уште еднаш го победи Бромби со 2-1 и со вкупни 4-2 се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите.






