вторник, 28 април 2026

Навивачите на Милан го исвиркуваа Донарума, голманот плачел во соблекувалната

Објавено на

часот

Сподели

Навивачите на Милан уште пред мечот најавија дека Донарума не е добредојден веќе на нивниот стадион, тие не можат да му простат затоа што си замина, иако имаше опција да потпише нов договор.
 
На синоќешниот меч меѓу Италија и Шпанија, фановите на Милан кои беа на трибините му свиркаа на Донарума во текот на целиот меч. Кога ќе беше топката кај него, се слушаа свирежи.
 
Според италијанските медиуми, по натпреварот Донарума плачел во соблекувалната поради свирежите кои ги добил, му паднало многу тешко.
 
Манчини смета дека репрезентацијата и клубот треба да се разделат, па попаметно ќе биде навивачите да му свират некогаш кога ПСЖ ќе гостува на Сан Сиро.

„Свирежите сигурно не го прават среќен, не не прават ниту нас“, вели Манчини.

„Јасно е дека ова е разочарувачко бидејќи тој играше за Италија, не беше ова клупски меч. Тие треба да ги разграничат работите, можеби треба свирежите да ги сочуваат за меч меѓу Милан и ПСЖ, бидејќи Италија треба да дојде над се“.

Ова беше и прв натпревар на Донарума во дресот на Италија во кој прима повеќе од еден гол. А за Азурите брани веќе пет години.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ