Муслиу добро го познава новиот селектор Благоја Милевски, тој беше еден од играчите кои беа дел од младнското европско првенство.
„Добро го стартувавме овој циклус за Светското првенство, но треба уште повеќе да го подобриме бодовното салдо во следните мечеви, така да, сега треба само што подобро да се прилагодиме на идеите на новиот стручен штаб. Многумина од нас веќе знаат со кого работат, сме работеле со него во младата селекција и мислам дека за брзо време ќе се вклопиме сите и се надевам дека сѐ ќе биде добро“, вели Муслиу.
Прв предизвик ќе биде селекцијата на Романија со која играме во четврток од 20:45 часот.
„Знаеме кој противник нѐ чека, за кој противник се работи. Што се вели секоја година играме со нив, така да ги знаеме нивните добри страни, многупати сме ги анализирале досега и сега само ќе треба тоа да го покажеме на терен на што подобар начин – да ги отвориме и да стигнеме до добар резултат“.






