вторник, 28 април 2026

Муслиу: На хартија сме фаворити, да го покажеме тоа и на теренот

Објавено на

часот

Сподели

По смената на селекторот и пристигнувањето на Благоја Милевски на кормилото на „црвено-жолтите“, Македонија ја чека првата победа откако минатиот месец одигравме три ремија во низа.

Гостувањето во Вадуц кај аутсајдерот Лихтенштајн е добра шанса за прва радост и цел плен.

„Максимално се подготвуваме за Лихтенштајн, потребно ни е да ги освиме трите бода, сите знаат колку е важен овој меч. Се надевам дека играта и резултатот ќе бидат на наша страна. Во последно време често игравме против Лихтенштајн, добро ги знаеме и се покажавме многупати со нив“ – вели Висар Муслиу.

„На хратија сме фаворити, но тоа треба да го покажеме и на теренот во Вадуц. Знаеме дека Лихтенштајн има некои добри страни, ни ние ќе се потрудиме да ги неутрализираме тие добро страни и во исто време да ја покажеме нашата најдобра страна“.

„Треба да ја поправиме реализацијата, ама треба и да не примиме гол. Ќе одиграме онака како што ќе ни каже шефот, ќе треба да ги одработиме инструкциите кои тој ќе ни ги даде“.

Фото: ФФМ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ