Како дел од гостувањата на „ТокСпорт“ за време на ЕП, Жозе Мурињо по случаен избор добива да раскаже за некој од своите поранешни играчи. Овој пат еден од трите кои му се паднаа беше Марко Арнаутовиќ.
Марко Арнаутовиќ на 18 години пристигна во Интер на позајмица од Твенте, одигра вкупно три натпревари, и по една сезона си замина.
Мурињо се присетува на доаѓањето на Арнаутовиќ кога тој му рекол дека е подобар од сите напаѓачи на Интер, а во тој момент таму биле Ибрахимовиќ, Адриано, Креспо…
„Мојот технички директор во Интер, Марко Бранка дојде со тој фудбалер кој го следел, го донесе од Холандија, Арнаутовиќ тогаш имаше 18 години“, раскажува Мурињо.
„Кога Бранка го донесе, ние имавме тренинг. Тие стоеа покрај теренот и на сред тренинг јас одлучив да отидам до кај нив и да се поздравам“.
„Во тоа време, во мојата прва сезона во Интер мои напаѓачи беа Ибрахимовиќ, Адриано, Креспо и Жулио Круз“.
„Отидов до Бранка и Арнаутовиќ, се поздравивме, разменивме неколку зборови и Марко ми рече: „Г-дине, јас сум подобар од сите нив“.
„Ибрахимовиќ, Адриано, Ернан Креспо и Жулио Круз – Марко со 18 години бил подобар од сите нив!“.
„Тоа е Марко. Беше дете со неверојатна самодоверба, беше среќен, многу емоционален, сладок, тој беше се што сакате да имате во една група“.
„Сите го сакаа. Се случуваше да има некои лоши емоционални испади, но беше неверојатно дете, сега е неверојатен фамилијарен човек“.
„Тој сега е тотално различен во поглед на неговиот живот надвор од теренот, но се уште е Марко“.






