понеделник, 27 април 2026

Мендеш е во Торино, се решава иднината на Роналдо

Објавено на

часот

Сподели

Кристијано Роналдо сака да си замине од Јувентус, но неизвесно е дали ќе се случи тоа, ситуацијата не е едноставна.
 
Според „Скај Спорт Италија“, Манчестер Сити му нуди двегодишен договор на Роналдо со плата од 15 милиони евра по сезона, но англискиот клуб не сака да плати обесштетување за Португалецот, ниту да прати фудбалер во спротивен правец.
 
Ќарот на Јувентус од еден ваков трансфер би бил фактот што нема да му дадат плата за една сезона на Роналдо, која изнесува 30 милиони евра.
 
Но, тоа е малку за Јувентус, тие сакаат Манчестер Сити да им плати обесштетување од 25 милиони евра или да им го даде Габриел Жесус.
 
Неизвесно е како ќе завршат преговорите, но според „Газета дело Спорт“, Јувентус почнал да ги разгледува опциите за нов напаѓач и има листа од тројца кандидати.
 
Тоа се Мауро Икарди, Моисе Кин и Лука Јовиќ.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ