„АС“ најавува земјотрес во последните денови од преодниот рок, Килијан Мбапе во Реал Мадрид, а Кристијано Роналдо во ПСЖ.
Шпекулацијата се темели на одлуката на Роналдо од клупа да го почне натпреварот против Удинезе. Според Фабрицио Романо, Португалецот сакал да се сочува за можен трансфер во последните денови од преодниот рок.
Шпанскиот медиум денеска пишува дека ПСЖ би прифатил понуда од Реал Мадрид за Мбапе, а потоа веднаш би го купил Кристијано Роналдо.
За вакво сценарио се шпекулираше дека ќе се случи следното лето кога и двајцата фудбалери ќе бидат слободни играчи, па Мбапе ќе замине во Реал Мадрид, а Роналдо во ПСЖ.
Но, францускиот клуб е свесен дека една ваква зделка поисплатлива ќе им биде ова лето.
Поради возраста на фудбалерите, Килијан Мбапе е значително поскап на трансфер пазарот од Кристијано Роналдо.
Реал Мадрид ќе мора да понуди многу повисока понуда за Мбапе, отколку ПСЖ за Роналдо. Па францускиот клуб би заработил ако трансферите се реализираат ова лето, за разлика од следното.
До крајот на преодниот рок има уште осум дена, наскоро ќе дознаеме дали има вистина во оваа шпекулација на АС.






