Се создава терен за голем трансфер во завршните денови од летниот преоден рок. Вечерва, неколку извори од Франција пренесоа дека Килијан Мбапе ја одбил и последната понуда на ПСЖ за продолжување на договорот.
По ваквиот развој на настаните, „светците“ полека почнале да размислуваат за продажба на напаѓачот.
Килијан Мбапе е под договор до 30. јуни 2022 и ова е последна можност за ПСЖ добро да заработи од негова продажба.
Реал Мадрид постојано се поврзува со Французинот, но „кралевите“ се уште немаат доставено понуда. Се шпекулира дека до овој момент ПСЖ добил понуда само од клуб од Премиерлита.






